Фудбалската федерација на Македонија во Велес го организираше заедничкиот семинар за судии и контролори за пролетниот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.
Семинарот во хотел „Романтик“, им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.
Судиите беа тестирани низ видео анализа за различни ситуации од натпреварите, фитнес тестови и профилни интервјуа, а целосната анализа од резултатите им беше презентирана на учесниците на семинарот за да можат дополнително да напредуваат преку стручна едукација и програма за физички тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА