Судијата – клоцач си доби казна од три месеци

Фудбалската федерација на Франција му ја одреди казната на Тони Шапрон, судијата кој се „прослави“ со клоцањето на еден фудбалер на Нант. Шапрон доби казна од три месеци забрането судење во Франција, поточно доби шестмесечна суспензија од која три месеци ќе биде условна.

По натпреварот судијата сфати дека згрешил и веднаш се извини на фудбалерот. Инцидентот се случи во завршните минути од натпреварот ПСЖ – Нант, на 14. јануари.

Се вчитува...