Судијата предложи забрана за депортација на Ѓоковиќ, секоја минута околу одлуката е важна поради настапот на Австралија Опен

Во моментов во австралискиот суд се разгледува жалбената постапка на адвокатите на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по последната одлука на Владата на Австралија повторно да му се одземе визата пред настапот на Австралија Опен.

Судијата Ентони Кели предложи кратка забрана за депортација на Ѓоковиќ до сабота до 4 часот наутро по средноевропско време, освен ако не постои строго дефинирано барање за негова депортација од Австралија.

Судијата информираше дека Ѓоковиќ утре е повикан на разговор, и на инсистирање на адвокатите на Србинот процесот да продолжи во овој Суд затоа што веќе секоја минута е важна пред стартот на Австралија Опен закажан за понеделник.

Се вчитува...