Судир на „Камп ноу“: Редарите удрија по навивачите на Челси (видео)

Навивачите на Челси вчера имаа вечер за заборав во Барселона. Нивниот тим претрпе елиминација од Лигата на шампиони, „сините“ беа убедливо поразени со резултат од 3-0, додека тие самите учествуваа во неколку дуели.

Имено, судир помеѓу редарите на стадионот и навивачите на Челси се случил пред, и по завршувањето на натпреварот. Како што пренесуваат англиските медиуми, организаторите биле свесни за овој инцидент, но не пријавиле.

На социјалните мрежи се појавија неколку видео снимки на кои јасно се гледа дека редарите користат и пендарци да се одбранат од толпата англиски фанови.

 

Се вчитува...