Пријателскиот натпревар меѓу Албанија и Израел во Тирана донесе вистински конфликт на теренот.
Израелците славеа со 1-0, но прославата на голот ги испровоцира домаќините.
Оскар Глук постигна гол во 73. минута, но за време на прославата тој гестикулираше кон навивачите на Албанија, покажувајќи да бидат тивки и покажувајќи го грбот на својот дрес.
Албанските репрезентативци веднаш се упатија кон него, по што и Израелците се вклучија во конфликтот. Страстите некако се смирија, а Израел зачува минимална победа.
אוסקר גלוך המלך מבקיע, משתיק את אוהדי אלבניה ששורקים בוז ומראה את הסמל של הנבחרת ואז בלאגן pic.twitter.com/iqUfJB1Nhi
— YHay (@YarinHay8) June 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
