Судиски „бурлески“ во Бугарија: Сакаше да покаже жолт картон, ама го заборави во соблекувалната (видео)

Бугарскиот фудбал донесе неверојатна случка викендов, откако главниот судија на дуелот меѓу Царско Село и ЦСКА Софија ги заборави картоните во соблекувалната.

Се играше 62. минута кога по еден старт на средината од теренот сакаше да покаже жолт картон. Следеше комична сцена, почна потрагата по картоните по џебовите, за на крајот да се сети дека ги оставил во соблекувалната.

За среќа, четвртиот судија се сети пред главниот, па набрзина истрча до соблекувалната и му ги даде, по што фудбалерот на Царско Село беше санкциониран со жолт картон за стартот.

Се вчитува...