Лука Модриќ и дефинитивно нема да одговара пред хрватските власти за давање на лажен исказ во случајот против Здравко Мамиќ, објави весникот „Јутарњи лист“ повикувајќи се на добро информирани извори од судот во Загреб.
Постапката против најдобриот хрватски фудбалер е прекината откако Апелациониот Суд ја потврдил претходната одлука на „понискиот“ судски орган, кој реши дека асот на Реал Мадрид не треба да одговара за кривичното дело за кое беше обвинет. Претставниците на Обвинителството повеќе немаат право на жалба, што значи и дефинитивно затворање на овој судски случај.
Лука Модриќ беше обвинет дека минатата година при давањето исказ на судењето на Здравко Мамиќ , свесно не ја кажувал вистината додека ги објаснувал анексите од договорите за поделба на отштетата од трансферот меѓу него и клубот, во сооднос 50-50.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА