Судот пресече: Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија!

Австралискиот Федерален суд составен од тројца судии утрово по средноевропско време ја донесе конечната одлука по жалбата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за неговата ускратена виза за влез во Австралија и настап на грандслем турнирот „Австралија Опен“.

Судот, како што информираше главниот судија Џастис Алсоп, едногласно донел одлука дека Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија и нема да игра на „Австралија опен“. Притоа, нема право на жалба!

Претходно, изминатава ноќ, сослушувањето траеше шест часа по што беше донесена конечната одлука.

Како што информираа од судот, дополнително во текот на денот ќе биде објавено комплетното образложение за донесената одлука.

Се вчитува...