Судот пресуди: Борис Бекер оди во затвор

Повеќекратниот гранслем тениски првак Борис Бекер е осуден на затворска казна од две и пол години поради прекршување на условите за прогласениот банкрот во 2017 година. Германецот половина од казната ќе ја отслужи во затвор, а доколку се однесува примерно зад решетки, втората половина од изречената судиска пресуда ќе ја мине условно.

Бекер на почетокот од месецот беше прогласен за виновен откако беше утврдено дека префрлил стотици илјади фунти од своите бизнис-сметки, како и дека не пријавил дека поседува куќа во родниот град Лајмен.

Исто така, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ е осуден бидејќи го скрил заемот што го зел од банка вреден 825.000 фунти, како и фактот декапоседува 75.000 акции во една технолошка компанија во Германија. Борис Бекер беше обвинет и дека ги скрил двата трофеи од Вимблдон за да избегне да ги плати големите долгови.

Претходно, Бекер се правдал пред поротата дека оние 38 милиони фунти кои ги заработил во кариерата, ги потрошил на скапиот развод со првата сопруга Барбара, воспитување на децата и „обврски на скапиот животен стил“.

Се вчитува...