Енис Барди беше одличен во настапите за македонската репрезентација во месец септември, а серијата добри игри ја продолжи и на клупски план, во дресот на Трабзонспор на денешното дерби со Бешикташ.
Македонскиот ас повторно доби шанса во стартниот тим од тренерот Бјелица и максимално ја искористи довербата, со генијална асистенција помагајќи Трабзон да дојде до водство. Барди прими топка по левата страна и маестрално центрираше на вториот дирек, каде Онуачу своето деби во дресот на Трабзон го круниса со гол.
Мајсторската асистенција на македонскиот репрезентативец можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА