Супер-Барди: Мајсторски погодок против Еспањол (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енес Барди е стрелец на гол за водство од 1-2 за Леванте на гостувањето кај Еспањол во 30. коло од Ла лига. Барди одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник во кој успеа да издрибла двајца домашни фудбалери, а потоа одлично ја пласираше топката во долниот лев агол на Диего Лопез.

Тој доби шанса во првата минута на овој натпревар, по десетина минути игра од одлична ситуација не успеа да ја затресе мрежата на домаќините, но затоа во второто полувреме биеше незапирливо, за свој трет погодок во Ла Лига сезонава.

 

Се вчитува...