Супер-Елиф даде гол, но Торино со смешен автогол остана без бодови во Болоња

Елиф Елмас имаше деби од соништата во дресот на Торино, откако македонскиот репрезентативец по само три минути игра на премиерниот меч за новиот клуб постигна гол на гостувањето против Болоња (3-2).

Елмас велемајсторски стрелаше над голманот за предност на Торино од 1-2 во 65. минута, но за жал „торинезите“ се враќаат дома без ниту еден освоен бод. Ндоје го постигна голот за 2-2, а во драматичен финиш „болоњезите“ стигнаа до победата со смешниот автогол што си го постигна Бираги.

Погодокот на Елмас на дебито во дресот на Торино можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...