Супер-глоуб: Кил лесно се справи со Сиднеј

Германскиот гигант Кил се пласираше во четвртфиналето од Супер-глоуб откако попладнево рутински триумфираше против Сиднеј со резултат 41-27. „Зебрите“ како добитници на вајлд-карта мораат да играат од самиот почеток на натпреварувањето, но денешниот меч беше само лесен тренинг за избраниците на Филип Јиха.

Одбраната воопшто не функционираше во првото полувреме, во кое Кил поведе со 23-18. Во вториот дел „зебрите“ примија само девет гола, за рутински печат на победата и закажување на дуел со египетскиот клуб Замалек. Дамке со девет погодоци беше прв стрелец на Кил, а по шест постигнаа Винчек и Нилсон.

Подобриот од дуелот меѓу Кил и Замалек ќе биде ривал на Вардар во полуфиналето од Супер-глоуб, доколку „вардарци“ успеат да слават во четвртфиналната пресметка против победникот од денешниот меч Ал Мудхар – Њујорк.

Се вчитува...