„Супер Јанис“ со историска партија за титула на Милвоки во НБА лигата (ВИДЕО)

Милвоки Бакс е новиот шампион во НБА лигата откако во финалната серија со 4-2 славеше над Феникс Санс. Клучниот шести натпревар Милвоки го доби на свој терен со 105-98.

Најзаслужен за победата на франшизата од Висконзин беше, Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 50 поени, 14 скока и пет блокади. Со оваа партија Гркот ја заслужи и титулата најкорисен кошаркар во финалната серија.

Кај Феникс Санс, Крис Пол заврши со 26 поени.

 

Се вчитува...