Супер „кам-бек“ на Несторовски: По два месеци на терен и веднаш со гол за Палермо (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на извонреден начин се врати на терените во дресот на Палермо по паузата од повеќе од два месеци поради повреда.

„Нестор-гол“ се врати во 23. коло од Серија Б токму за дерби дуелот против Бреша. Во игра влезе во 75. минута на местото на Фалети, и веќе во 79. минута постигна гол за водство на Палермо од 1-0, по корнерот кој од десната страна го изведе вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски….

За жал, погодокот не беше доволен Палермо до дојде до победата во дерби пресметката бидејќи гостите израмнија со голот на Тремолада во 92. минута.

Ова е седми погодок сезонава за македонскиот репрезентативец, кој веднаш потврди дека нема да му треба долг период да се врати во посакуваната форма.

Палермо по ова реми, со 42 бода остана на втората позиција во Серија Б со еден бод минус во однос на Бреша.

Се вчитува...