Новата ракометна сезона во Македонија ќе биде стартувана со дуелот од Супер-купот на Македонија во кој ќе се сретнат Вардар и Охрид.
Раководството на РФМ донесе одлука овој натпревар закажан за 2 септември да биде игран на неутрален терен, и тоа во Гевгелија.
„Новата ракометна сезона започнува со натпреварот за трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година. Во среда, на 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на РК Вардар 1961 и ГРК Охрид.
Двете екипи ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во натпревар кој е закажан со почеток од 19:00 часот.
📅 02.09.2026 (среда)
🕖 19:00 часот
📍 Спортска сала „26-ти Април“ – Гевгелија
Информациите за продажбата на билетите, како и линкот за онлајн купување, ќе бидат дополнително објавени.
Ве очекуваме во Гевгелија на уште еден голем ракометен настан“, порачаа од куќата на ракометот.
Овој град и пред неколку години беше домаќин на ракометниот Суперкуп на Македонија, кога Алкалоид славеше над Е. Пелистер и го крена трофејот во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
