Супер-малер: Азар пак се повреди

Кошмарот на Еден Азар со повредите по трансферот во Реал Мадрид продолжи и денеска, откако Белгиецот заработи нова повреда на мускулот. Тој конечно ги надмина проблемите со старата повреда, во последните денови тренираше со полн интензитет и беше најавено дека денеска ќе одигра најмалку дваесетина минути на мечот со Валјадолид.

Сепак, „кралевите“ попладнево објавија дека Азар повторно се повредил, а лекарските прегледи покажале кинење на мускулот на десната нога.

„Според првичните прогнози, Азар ќе мора да паузира меѓу 20 и 30 дена по оваа најнова повреда“, информираат шпанските медиуми.

Се вчитува...