Супер-малер: Марко Ројс ја обнови повредата

Марко Ројс уште еднаш се потврдува како неверојатен малер кога станува збор за повредите откако капитенот на Борусија Дортмунд се соочи со нов неочекуван проблем. Асот на „милионерите“ се повреди на куп-натпреварот со Вердер, но доби зелено светло на настап на неделниот дуел со Баер Леверкузен.

Сепак, вчерашниот тренинг се покажа кобен за одличниот офанзивец откако тој ја обнови старата повреда. Ројс дефинитивно нема да може да настапи против „фармацевтите“, а дополнителните прегледи ќе покажат колку долго тој ќе отсуствува од терените.

Отсуството на германскиот репрезентативец е удар за „милионерите“, кои се наоѓаат во сериозна криза во последните петнаесетина дена, па сега имаат само три бода предност во однос на Баерн Минхен во трката за титулата во Бундес-лигата.

Се вчитува...