„Супер партија“ на Кари за голема победа на шампионот над Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс стигна до голема победа во борбата за плеј-оф откако на домашен терен славеше над Њу Орлеанс Пеликанс со 120-109.

Неверојатна ноќ зад себе имаше Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 39 поени. Кај поразените Брендом Инграм заврши со 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Бостон 130-111, Атланта – Кливленд 120-118, Торонто – Мајами 106-92, Мемфис – Орландо 113-108 и Оклахома – Шарлот 134-137.

Се вчитува...