Супер-пресврт на Калин Ивановски за четвртфинале во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе игра во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Поатје, Франција.

На турнирот кој се игра во сала, на тврда подлога, Ивановски го победи домашниот тенисер Александре Реко со пресврт во три сета. Иако го загуби првиот сет со 3-6, македонскиот тенисер потоа ги доби следните два со 6-1 и 6-4 за конечна победа.

Ивановски во четвртфиналето ќе игра со Тристан Ламазин, кој е шести носител на турнирот, што значи дека ќе има шанса за реванш против играчот од кој испадна претходно во Кретеј.

Се вчитува...