Супер пресврт на Милано за водство против Баерн Минхен

Кошаркарите на Милано успеаја да надоместат негатива од седумнаесет поени на полувреме и да триумфираат со 79-78 против Баерн Минхен во првиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата.

Германците одлично го стартуваа мечот и на пауза заминаа со предност од 27-44. Сепак, Еторе Месина успеа да ги смири своите пулени на полувреме и со одлична игра особено во последните десет минути Милано успеа да го одбрани домашниот терен.

Лидеј со 17 поени беше прво име кај победникот, додека 13 уфрли Серхио Родригез. Кај поразените Болдвин и Џонсон завршија со по десет поени.

Се вчитува...