Супер-промоција на Тошевски во Ростов: „Деветката“ резервирана за македонскиот „суперхерој“ (ВИДЕО)

Ростов официјално го промовираше еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Давид Тошевски кој ова лето за 900.000 евра се пресели од Работнички во рускиот суперлигаш.

Тошевски потпиша петгодишен договор со Русите кои му ја резервираа „деветката“ најавувајќи на специфичен начин, со прекрасно изработен видео-материјал, како македонскиот „суперхерој“ кој треба да донесе огромна свежина во клубот.

„Специјален авион се појави на нашиот аеродром, а меѓу патниците и важна личност за нашиот клуб. Во нашата банда дојде нов суперхерој, кој знае да постигнува голови“ – стои во описот на видеото од Ростов преку кое е промовиран Давид Тошевски во новиот дрес.

Се вчитува...