Супер-тикет за среќен ден: 7+ Вардар, 7+ Пелистер, победи за Шкендија и за Работнички

Пукна „седумка“ во Тетово каде Вардар ја победи Ренова со 2-5, но и во Битола, каде Пелистер загуби од Академија Пандев со 3-4. Каков убав тикет, ако некој обложувач само ги претпоставел овие резултати…Лидерот Шкендија победи во Кратово против Силекс со 0-2, а Работнички ја декласира Победа со 4-0. Мечот меѓу Скопје и Шкупи е одложен за 22 ноември.

Шампионот Вардар одигра квалитетен меч во Тетово и заслужено ја совлада Ренова со 2-5. Уште во петтата минута „црвено-црните“ поведоа по шутот на Максимов со глава и автоголот на Башким Велија. Дејан Блажевски од пенал зголеми на 0-2 во 13.минута, а Арџент Гафури намали во 26.минута. Серијата голови ја продолжи Максимов во 31.минута, но Гафури уште еднаш погоди веќе во следната минута.

blazevski so renova

Најубавиот погодок беше дело на Фелипе Рибеиро во 45.минута. Бразилецот на прекрасен начин погоди од слободен удар. Долго се чекаше на 7+ во вториот дел, а погоди Итало во 90.минута, со одличен шут од 25 метри.

Во Битола, нов потоп за Пелистер. Академија Пандев успеа да победи со 3-4. Иве Трифуновски во шестата минута го отвори резултатот за битолскиот прволигаш, но потоа „пандевци“ возвратија со погодоците на Вареловски и на Балдовалиев. Искусниот Балдовалиев во 47.минута постигна гол од 40 метри, лобувајќи го Илче Петровски. Пет минути подоцна Ѓорѓи Стоилов зголеми на 1-4. Јован Попзлатанов и Мартин Ковачев од пенал намалија на 3-4 до крајот, за 7+ и во Битола.

skendija so sileks

Лидерот Шкендија рутински славеше во Кратово против Силекс со 0-2. Подобрата игра на тимот на Ќатип Османи со гол ја круниса Стенио Жуниор во 50.минута. Тој шутираше од 20 метри и ја погоди целта. Бесарт Ибраими во 73.минута го постигна вториот гол за гостите и ги разреши дилемите околу победникот.

rabot-pobeda 16.11 (13)

Работнички беше супериорен против Победа и оствари убедлив триумф (4-0) против Победа на арената „Филип Втори“. Кире Маркоски донесе водство за „романтичарите“ во четвртата минута, а Чарклс Гофри зголеми на 2-0 во 30.минута. Истиот фудбалер во 56.минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а во 74.минута погоди и Сержо јуниор.

rabot-pobeda 16.11 (11)

Мечот меѓу Скопје и Шкендија е одложен за 22 ноември, поради поплавениот терен на стадионот на Железарница.

ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РЕНОВА – ВАРДАР 2-5

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-2

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-4

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 4-0

СКОПЈЕ – ШКУПИ ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА: Шкендија 37, Вардар 26 (-2), Академија Пандев 24 (-1), Силекс 22, Работнички 19 (-1), Ренова 17, Пелистер 15, Шкупи 15 (-1), Победа 15, Скопје 9 (-1).

Се вчитува...