„Супер-тимот“ на Клиперс, сепак, е недораснат за Стеф Кари и „воините“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт славеа против ЛА Клиперс со 120-114 во синоќешниот натпревар во НБА лигата.

„Воините“ со оваа победа ги прескокнаа Клиперс на табелата и сега се десетти со скор од 9-10, додека од Лос Анѓелес е со скор од осум победи и 10 порази.

„Супер-тимот“ на ЛА Клиперс синоќа беше немоќен пред тимската игра на Голден стејт. По израмнетите почетни минути, Голден стејт направи серија од 11-3 и потоа во континуитет не ја испушташе предноста која во еден момент изнесуваше и максимални +18 (55-37).

Најрасположен кај Голден стејт беше Стеф Кари со 26 поени, седум скока и осум асистенции, а го следеше Клеј Томпсон со 22 поени и шест скока. Џонатан Каминг постигна 17 поени, а по 13 поени запишаа Брандин Подзиемски, Дрејмонд Грин, Дарио Шариќ и Мозес Муди.

Кај Клиперс немоќни беа бројните ѕвезди. Кавај Ленард заврши со 23 поени, Џејмс Харден имаше 18 поени, а со „дабл-дабл“ завршија Пол Џорџ со 15 поени и 10 асистенции и Расел Вестбрук со 14 поени, 11 скока и шест асистенции.

Се вчитува...