Супер-трка во Имола: Ферстапен победи, Хамилтон феноменално се врати по голема грешка, судир на Расел и Ботас (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на трката на славната Имола за Големата награда на Италија. На второто место заврши Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес кој почна од пол-позицијата, на средината од трката направи голема грешка, падна на 9. место но успеа да дојде до подиумот.

Дури Хамилтон и успеа да го има најбрзиот круг со што дополнително освои бод со кој го зачува првото место во генералниот пласман во Формула 1 по втората трка сезонава.

А, трката почна со мал судир меѓу Ферстапен и Хамилтон кој успеа да ја зачува предност од пол-позицијата. Но, се до 31. круг кога направи голема грешка излетувајќи од патеката, па мораше да вози рикверц по земја за да се врати. Успеа, но загуби многу време паѓајќи на деветтото место.

Потоа следеше страшниот инцидент меѓу Џорџ Расел и Валтери Ботас. Двајцата возачи влегоа и во меѓусебен вербален судир.

Откако трката продолжи по паузата, Ферстапен за малку ќе направеше катастрофална грешка, но имаше среќа, додека Хамилтон од деветтата позиција тргна во продор кон подиумот. Му помогнаа Раиконен и Перез со своите грешки, претекна неколку болиди меѓу кои на крајот и Карлос Саинц и Шарл Леклер, како и Ландо Норис за конечно да стигне до второто место. Зад него останаа Норис, Леклер и Саинц.

Се вчитува...