Супер-вест: Атман ќе може да игра на Супер-глоуб

Павел Атман ги надмина проблемите со повредата на прстот и ќе може да му помогне на Вардар за време на „Супер-Глоуб“, откриваат извори блиски до актуелниот европски шампион. Тренерот Писонеро се соочи со проблеми во ситуација кога потешка повреда заработи големото летно засилување, Бразилецот Толедо, но за среќа Атман се рехабилитираше од повредата на прстот и влезе во тренажен процес со остатокот од тимот.

Глеб Калараш ги договори условите за враќање во Вардар, но рускиот пивот не е подготвен за игра, па воопшто нема да патува со „вардарци“ во Саудиска Арабија. Заедно со него во Скопје ќе останат капитенот Стоилов и Толедо, кои ќе отсуствуваат уште извесно време по незгодните повреди.

Вардар првиот натпревар на Супер-глоуб ќе го игра на 28 август, против победникот од дуелот Њујорк – Ал Мудхар.

Се вчитува...