Супер вести за Куман: По речиси една година, Барса конечно ги има сите фудбалери на број

По речиси една година, Барселона конечно ќе биде комплетна во следните две или три недели. Жорди Алба и Педри закрепнаа од полесните повреди, па се очекува да бидат во конкуренција за новите предизвици и да се најдат на списокот на патници за Лисабон.

Алба заработи повреда на натпреварот против Баерн пред две недели и најверојатно ќе биде на клупата, додека Педри целосно се опорави. Бидејќи Ансу Фати се врати по 11 месеци со гол, се чини дека деновите пред Барса конечно се посветли. Исто така, Кун Агуеро и Осман Дембеле се во завршна фаза на опоравување, според проценките, двајцата би можеле да бидат подготвени во втората половина на октомври, кога е на програмата „Ел Класико“.

Барса ќе ја пречека Бенфика в среда од 21 часот, а потоа и Атлетико Мадрид в сабота во истиот термин. Во тој натпревар сигурно е дека Алба и Педри ќе бидат стартери, по што следува репрезентативна пауза.

„Ел Класико“ е на програмата на 24 октомври, а клубот се надева дека тоа ќе биде првиот натпревар на кој екипата ќе биде целосно комплетна. Да потсетиме, Барса имаше многу проблеми со повредите од минатата есен. Најпрво се повреди Пајк, кој паузираше четири месеци, потоа Фати, кој беше надвор од теренот од ноември до пред некој ден, како и Кутињо, кој беше повреден од декември до септември.

Се вчитува...