Супербоул 2019: Рекордите и контроверзите со шоуто на полувреме

53. издание на финалната пресметка во НФЛ лигата вечерва во Атланта носи можност да нови исотриски постигнувања на Њу Ингланд ПЕториотс и нивната најголема ѕвезда Том Брејди и можност за подвиг на надежниот тим на Лос Анџелес Ремс. Покрај очигледните статистички податоци најпедантните ги пронајдоа и неколку специфични информации.

За Петриотс ова е 11 учество на Супербоул, тоа е само третиот тим во историјата со три последовни учества во финалето.

Ремс имаат само четворица играчи со Супербоул-искуство наспроти 38-те на Петриотс.

Беличик го освоил првиот Супербоул прстен еден ден по првиот роденден на Меквеј.

На вечерашниот Супербоул разликата во возраста на двајцата тренери ќе биде најголема досега.

Ова пресметка е по 17 години откако Петриотс ги победија Ремс во Супербоул број 37.

Она што исто така привлече големо внимане околу ова издание на Супербоулот се контроверзите кои го следеа шоуто на полувреме.

Се почна со клечењето на Колин Кеперник за време на интонирањето на американската химна пред натпреварите во НФЛ лигата. Неговиот пример почнаа да го следат повеќемина афро-америкнски играчи и клечењето на химната стана движење во знак на протест кон полициската бруталност и неправдниот однос кон афро-американците во САД.

Кога во 2017 година Кепрник стана слободен агент не доби договор од ниту еден клуб. Тој сега е во војна со НФЛ.

Затоа НФЛ имаше проблеми околу обезбедувањето звучно музичко име за настап на полувремето. Според информациите Ријана била првата која ја одбила поканата објасувајќи дека го подржува Кеперник. Потоа следуваше и Пинк, за на крајот Марун 5 да е нафатат да настапат. Бендот потоа мораше да се бори со критиките дури и со петиција да се откаже од настапот.

 

Се вчитува...