Откако беа завршени четвртфиналните натпревари, суперкомпјутерот на Опта пресмета нови проценки за освојување на Светското првенство. Според неговата анализа, најголем фаворит за титулата е француската репрезентација.
„Триколорите“ имаат 34,5 проценти шанси да се искачат на врвот на светот, што ги става пред сите преостанати полуфиналисти. На второто место е Шпанија, на која Опта и дава 23,45 проценти веројатност за освојување на трофејот, додека Англија е трета со 21,94 проценти.
Според оваа проекција, актуелниот светски шампион Аргентина има најмали шанси 20,55 проценти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
