Ракометарите на Охрид лесно триумфираа согласно очекувањата на гостувањето против Бутел во Скопје, со 32-41.
Гостите уште на полувреме заминаа со предност од 14-21. Во вториот дел нешто слично на теренот, за убедлива победа на охриѓани.
Интересен натпревар одиграа Мулти Есенс и Е. Пелистер 2, која заврши со победа на гостите од 29-30.
Давид Трајковски со шест гола беше прв стрелец кај домаќинот во чии редови Стефан Јорданов имаше 10 одбрани, додека кај гостите Кристијан Симоновски имаше осум погодоци, аа Давид Димевски заврши со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
