СУПЕРЛИГА: „Вардарци“ без проблеми со Младост, „пелистерци“ лесно со Струга

Ракометарите на Вардар и на Е. Пелистер без никакви проблеми дојдоа до третите победи во Суперлигата.

„Вардарци“ на домашен терен го совладаа дебитантот Младост Богданци со 44-34, во меч кој беше само полесен тренинг за избраниците на Иван Чупиќ.

Матео Фадуиле со 13 гола од исто толку обиди беше предводник во победата на „црвено-црните“, а Бојаниќ запиша седум гола во редовите на Младост.

Е. Пелистер, пак, немаше никаков проблем на гостувањето против Струга славејќи со 25-33.

Се вчитува...