Суперлигата од сезоната 2027/2028 со нов систем

На денешната конференција на клубовите од машката Супер-лига беше официјално потврдена голема промена во системот на натпреварување, која ќе стапи на сила од сезоната 2027/28. Клучната модификација ќе се имплементира во фазата на разигрување (плеј-оф), со цел да се зголеми динамиката и квалитетот на домашниот шампионат.

Иако бројот на учесници во елитната конкуренција останува непроменет и во неа ќе се натпреваруваат 12 екипи, формат на лигата доживува сериозна трансформација по завршувањето на регуларниот дел. Наместо досегашниот модел, по одигрувањето на стандардните 22 кола, табелата ќе се подели на три посебни групи со по четири екипи.

Според новиот план, првите четири екипи ќе се борат во шампионската група за титулата и излез во Европа, тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за средниот дел од табелата, додека последните четири екипи ќе се соочат во тешка битка за опстанок во лигата. Оваа одлука, донесена во координација меѓу клубовите и Ракометната федерација на Македонија, се очекува да донесе поголема изедначеност и повеќе дерби-натпревари во завршната фаза од сезоната.

Се вчитува...