Суспензија од пет години бидејќи на противникот му го гризнал п**исот

Неверојатна ситуација ни доаѓа од Франција. Фудбалерот на нисколигашот Сотрих направи нешто што никогаш досега се нема видено на фудбалските терени, откако во инцидентот кој се случил на мечот со Тервил тој го гризнал за пе**с противничкиот фудбалер.

Ситуацијата се случила на 17. ноември минатата година. Фудбалерот се одлучил да ги раздели фудбалерите кои влегле во конфликт, но во цела мешаница бил гризнат за пе**сот. Фудбалерот кој е главен виновник за инцидентот доби суспензија од пет години, а интересно е дека суспензија доби и повредниот фудбалер кој надвор од терените ќе биде шест месеци.

Натпреварот меѓу двата тима на крајот завршил без победник 1-1.

Се вчитува...