Поранешната репрезентативка на Црна Гора, a сега селектор Сузана Лазовиќ е уште едно име кое ќе биде дел од првиот Женски ракометен форум кој е во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Како дел од златната генерација на Црна Гора, Лазовиќ во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и злато на Европското првенство, а со Будуќност истата година ја освои и Лигата на шампионите. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.
Играчката кариера мораше да ја заврши многу рано, на само 25 години, но остана во ракометот и изгради нов пат како тренер. Денес е селекторка на женската сениорска репрезентација на Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
