Свечено отворен мундијалот во Франција: Светот очекува феноменален ракомет

Ракометот и Франција се во фокусот на вниманието на планетата што е обземена со спортот. Вечерва свечено беше отворен 25.ракометниот мундијал, на кој учество ќе земе и Македонија. Карабатиќ, Омејер, Хансен, а меѓу главните ѕвезди на шампионатот секако е и рекордерот на мундијалите, неверојатниот стрелец Кире Лазаров. Мотото на Светското првенство е „феноменален ракомет“, па светот со право очекува и да ужива во таков феноменален ракомет во наредните двеесетина дена.

Мундијалот го отвора домаќинот Франција во дуел со Бразил, а Македонија својот пат на СП го почнува утре (17.45 часот) против селекцијата на Тунис.

Се вчитува...