Светот комплетно се промени додека Ливерпул ја чекаше титулата (ВИДЕО)

Ливерпул е шампион на Анлија. 30 години никој ја немаше изговорено оваа реченица. Од вчеравечер, навивачите на Ливерпул со гордост можат да кажат дека нивниот тим е првак во Премиер-лигата. Долгото исчекување бше исцрпувачко и за фановите, но и за бројни генерации големи фудбалски имиња кои минаа низ клубот, некои од нив легенди на играта, на англискиот фудбал воопшто. Стивен Џерард, прв меѓу нив.

Светот имаше турбулентен период во трите децении додека Ливерпул се мачеше за титулата. Нелсон Мендела излезе од затвор и беше на власт во Јужноафриканската Република, низа политички промени одбележаа ери во бројни земји, дојде новиот милениум, САД го избра Барак Обама, научниците најдоа начин за клонирање возрасни животни. Во годините на епохалните откритија или важните политички промени, дел од актуелните играчи на клубот се раѓале.

Се промени сопствеништвото на Ливерпул, се крена надежта со доаѓањето на Јирген Клоп кое се покажа како клучно, дојде короната, немаше фудбал и стравувањата за малерот на „црвените“ се вратија. Но, се врати фудбалот и правдата мораше да излезе на виделина.

Одличното видео што го направи британскиот сервис „Би-Би-Си“ за големите светски промени во изминатите 30 години паралелно со случувањата во Ливерпул, погледнете го на овој линк. 

Се вчитува...