„Светот нема видено кошаркар како Никола Јокиќ“

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ блесна на НБА паркетите и во новата сезона. Двократниот МВП на најсилното кошаркарско првенство е на прагот да ја освои и третата последователна престижна награда, а пофалбите за настапите не заприраат.

Фасцинирана од игрите на Србинот е и легендарната кошаркарка Беки Хемон кој сега работи како прв тренер. Таа вели дека светот нема видено играч како Никола Јокиќ.

„Тоа не може да се научи, дечкото е посебен. НБА, светската кошарка никогаш немаат видено играч каков што е Јокиќ. На почетокот на кариерата изгледаше како да не сака да поентира, но сега секоја вечер е најдоминантниот играч на теренот. Плус асистира. Противнички екипи, бирајте го отровот“, изјави Беки.

Се вчитува...