Светот тагува по смртта на Ериксон: Свен секогаш зрачеше со својата харизма и страст

На 76-годишна возраст по долго боледување почина Свен Горан Ериксон, легендарниот шведски тренер кој во богатата кариера со успех предводеше повеќе клубови од Еворпа, а беше дел и од репрезентациите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата коска и Филипини.

Неговите поранешни клубови, но и бројни спортски работници и влијателни личности преку социјалните мрежи се опростуваат од легендата кој во карирата освои 18 големи трофеи.

„Свен беше вистински фудбалски господин, секогаш зрачеше со својата харизма и страст“, напиша принцот Вилијам.

„Ова е тажен ден. Ериксен направи посебни спомени за секој Англичанец. Никој нема да ја заборави победата од 5-1 во Минхен против Германија на Светското првенство. Тој со право ќе биде препознат и запомнет по својата значајна работа во англиската репрезентација и широкиот допринос за фудбалот“, објави првиот човек на англискиот фудбал Марк Билингем.

„Со длабока жал Бенфика ја прими веста за смртта на Свен Горан Ериксон на 76-годишна возраст. Почивај во мир господине“, објави неговиот поранешен клуб Бенфика.

„Ви благодариме за се што сторивте за нас, мистер“, објави Лацио кој Ериксон го предводеше до најголемите успеси во историјата на клубот.

Се вчитува...