Светот во „битка“ по брашно и тоалетна хартија: За шпански голгетер приоритет е пиво (ФОТО)

Шпанецот Даниел Гуиза се прослави на ЕП 2008 кога како прилично анонимен фудбалер остави одличен впечаток, па потоа од Мајорка реализираше трансфер во Фенербахче.

Гуиза во Турција мина три години. А освен по фудбалот остана запаметен што сака „сладок живот“ со многу излегувања, алкохол и жени. Состојбата, се чини, не е променета ниту денеска кога Гуиза има 39 години на грбот. Додека светот е во „битка“ за брашно, квасец или тоалетна-хартија, кај Гуиза се знае приоритетот – пиво.

„Ладно пиво да што побрзо мине времето во карантин“ – напиша Шпанецот на Инстаграм, со што очекувано насмеа бројни свои пријатели на социјалната мрежа.

Се вчитува...