Светозар Стаменковиќ повторно во мак-баскетот, ја засили Струмица

Новиот прволигаш Струмица продолжува со составување на ростерот за дебитантската сезона во елитата на македонската кошарка. По официјализирање на трансферите на неколку домашни и странски кошаркари, нов играч на тимот е Светозар Стаменковиќ.

За крилниот центар тоа воедно значи и враќање во македонската кошарка каде настапуваше во сезоната 2020-21 бранејќи ги боите на Црн Дрим. 31-годишникот во минатото настапуваше и за Црвена Звезда, Приевиџа, Јасберени, Кошице, Борац Чачак… Во Македонија се враќа по сезона помината во Здравље Лесковац каде бележеше просек од 12.3 поени и 5.8 скока.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IstBasketMk (@istbasketmk)

Се вчитува...