Светскиот атлетски сојуз оштетен за 1,5 милиони евра, тројца вработени под истрага

Светскиот атлетски сојуз „Ворлд Атлетикс“ откри дека двајца од нејзините вработени и еден ангажиран консултант ја измамиле организацијата за повеќе од 1,5 милиони евра во текот на изминатите неколку години. Кражбата беше откриена за време на првата ревизија спроведена од новиот финансиски менаџмент на сојузот.

Еден од обвинетите ја напуштил организацијата порано, додека договорите со другите двајца биле раскинати, и против нив била покрената кривична постапка.

„Сите детали од овој случај се доставени до судот, а финансиските контроли се сега зајакнати во нашата организација“, изјавија од „Ворлд Атлетикс“.

Се вчитува...