Светското клупско првенство одложено за следната година?

ФИФА Светското клупско првенство кое требаше да се одигра традиционално во декември месец во Катар, ќе биде одложено за во 2021 година, пренесуваат германските медиуми.

И самиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино во неколку наврати спомена како клупското светско првенство поради пандемијата од коронавирусот би можело да биде пролонгирано за следната година.

Прв фаворит за негово освојување ќе биде европскиот шампион Баерн Минхен, а голем дел од учесниците се уште не се познати бидејќи не се завршени сите континентални натпреварувања. Познато е дека претставник од Океанија ќе биде Оукленд, а учесник ќе биде и домашниот Ал-Духаил.

Се вчитува...