„Светците“ го нанижаа и Бордо

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја остварија 29.победа во францускиот шампионат триумфирајќи на гости (0-1) против Бордо. „Светците“ веќе ја освоија шампионската титула, но тимот на Унаи Емери продолжува во победнички ритам.

Џовани Ло Селсо во 77.минута го постигна победничкиот гол за тимот од Париз. Тој со прецизен удар од работ на шеснаесетникот успеа да го совлада домашниот голман.

Се вчитува...