„Светците“ ремизираа со Амиен

Пари Сен Жермен одамна ја освои шампионската титула, но мора да ги одработи до крајот обврските во францускиот шампионат. Вечерва „светците“ ремизираа на гости против Амиен играјќи 2-2.

Кавани го отвори резултатот во корист на ПСЖ, но Конате израмни на самиот старт од вториот дел. Нкунку повторно ги доведе гостите во водство, а Конате со својот втор гол донесе реми и еден бод за Амиен.

Се вчитува...