„Светците“ убедливи против Лил

Пари Сен Жермен на убедлив начин го заокружи гостувањето против Лил, совладувајќи го домашниот тим со 0-3. Сега повторно „светците“ имаат 11 бода предност на врвот на табелата во однос на Олимпик Марсеј.

Берчиче пред самиот крај на првото полувреме го доведе ПСЖ во водство, а во вториот дел Нејмар и Ло Селсо постигнаа уште два гола за убедлив триумф на составот од Париз.

Се вчитува...