Свитолина и Халеп со победи го почнаа ВТА финалето

Бранителката на титулата од минатата година, Елина Свитолина победнички влезе во финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки во годината во Шенжен. Славеше победа од 2-0 во сетови над второрангираната Каролина Плишкова. Свитолина го доби воведниот сет во драматичниот тај-брејк, а во вториот сет беше подобра со 6-4.

Во вториот дуел од првото коло во „пурпурната група“, Симона Халеп се изнамачи за победаната од 2-1 во сетови над Бјанка Андреску. Канаѓанката го доби првиот сет со 6-3, а потоа Халеп тргна кон пресврт и беше подобра во вториот сет во кој се играше тај-брејк. Решавачкиот трет сет и припадна на Романката со 6-3.

Во второто коло, в среда, меѓусебе ќе играат денешните победнички Свитолина и Халеп. Вчера турнирот стартуваше со победи на Ешли Барти над Белинда Бенчич  и на Наоми Осака над Петра Квитова во мечевите од „црвената група“. Барти и Осака играат утре во дуел од втората рунда. Прво и второпласираните од двете групи вкрстуваат во полуфиналето.

Се вчитува...