Свитолина ја совлада Русинката Потапова па порача – Сите пари што ќе ги заработам ќе ги донирам на украинската војска

Првпат по започнувањето на инвазијата на Русија над Украина некои спортисти од овие две земји се сретнаа меѓу себе. Синоќа на тенискиот турнир во мексиканскиот Монтереј, Украинката, Елина Свитолина славеше над Русинката Анастасија Потапова со 2-0, по сетови 6-2 и 6-1.

Украинката по мечот изјави дека е многу тажна за се што во моментов се случува во нејзината земја и дека сите пари кои ќе ги освои на турнирот ќе ги донира на војската на својата земја.

„Беше ова посебен меч за мене. Многу сум тажна, но и сум среќна што можам да играм тенис. Бев фокусирана бидејќи бев на мисија за мојата земја. Сите пари што ќе ги заработам од наградата на турнирот ќе ги донирам на украинската војска“, изјави Свитолина. 

 

Се вчитува...