Свонси му откина бод на Јунајтед на „Олд трафорд“

Манчестер јунајтед уште еднаш ремизираше на „Олд трафорд“, играјќи 1-1 против Свонси, со што си ги отежна работите околу евентуалниот пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Свонси успеа да откине бод од тимот на Жозе Мурињо, многу значаен во битката за опстанок во Премиер – лигата.

Манчестер јунајтед поведе со голот од пенал на Вејн Руни, по сомнителната одлука на самиот истек на првото полувреме. Фабијански негодуваше со оглед дека не стартуваше над Рашфорд, но беше покажан удар од белата точка што го реализира Руни.

Сепак, во 79.минута, Сигурдсон со фантастично изведен слободен удар го совлада де Хеа и го израмни резултатот на овој меч, за конечни 1-1.

All Goals & Highlights HD – Manchester United 1… by BundesVideo

Се вчитува...