СЗО: Се надеваме дека ЛОИ во Токио ќе се одржат!

Светската здравствена организација (СЗО) објави ново соопштение во кое објави дека се надева дека Летните Олимписки игри во Токио сепак летово ќе се одржат и покрај огромното зголемување на зараза од коронавирус во Јапонија, поради што оваа држава ја продолжи вонредната ситуација во земјата.

Иако Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) и Јапонија како домаќин веќе објавија дека нема шанси ЛОИ да се откажат, веќе над 200.000 Јапонци се потпишаа на петицијата најголемиот спортски настан да се откаже, особено откако бројките на заразени достигнаа пик.

„Се надеваме дека ЛОИ сепак ќе се одржат летово“, рече вчера Мајк Рајан, директорот за вонредни ситуации на СЗО

Според него, систематскиот пристап на Јапонија ги стабилизирале процентот на заразени, но тој останува висок, со надеж дека полека ќе почнат да се намалуваат, но посочи дека одлуката како ќе се организираат Игрите, со мал број на гледачи или без нив, ќе се знае скоро пред стартот на најголемиот спортски настан.

„Некои одлуки како број на гледачи веројатно ќе мора да се донесат непосредно пред отворањето, зашто во најголема мера ќе зависи од бројот на заразени од ковид-19, а веќе сите знаете дека странски гости нема да може да дојдат освен спортистите, со основната придружба, како тренери, технички персонал… Нема да биде изненадување ако Игрите сепак бидат без публика“, додава Рајан.

ЛОИ во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

Се вчитува...