Тадиќ: Еден човек ни украде се!

Ајакс имаше фантастични 1-4 на „Стемфорд бриџ“, но на крајот доби само реми (4-4) против Челси, откако мораше да игра со двајца фудбалери помалку во второто полувреме. Италијанскиот судија Џанлука Роки ги исклучи Дејли Блинд и Џоел Велтман, а во истата акција досуди и пенал за Челси, кој го реализираше Жоргињо.

По мечот капитенот на холандскиот тим, Душан Тадиќ, не штедеше зборови за „кражбата“.

„Еден човек ни украде се и буквално не уништи. Имавме огромно водство и игравме одлично, држевме се под контрола. Но, потоа се појави тој. Не разбирам како може да добиете тројна казна во една акција. Два црвени картони и пенал. Никогаш претходно не сум видел нешто такво во фудбалот. Гневни сме, лути и разочарани, затоа што наместо да зборуваме за нашата добра игра, ние мораме да зборуваме на ваков начин. Еден човек не уништи“, изјави Душан Тадиќ, алудирајќи на главниот судија Џанлука Роки од Италија.

 

Се вчитува...